Eкипата на Барселона наводно работи на доведување на позајмица на Рахим Стерлинг.
Каталонскиот Спорт тврди дека раководството на клубот сака на позајмица да го доведе фудбалерот на Манчестер Сити и на големо работи на овој трансфер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Барселона, па не се исклучува можноста да ја промени средината.
Клубот не би имал ништо против да ја напушти екипата. Барселона се обиде да го ангажира и во летниот преоден рок, но до договор тогаш не дојде.
Сепак, преговорите продолжиле и во наредниот период. Наводно се оди во добра насока и не е невозможно да го видиме англискиот репрезентативец во дресот на каталонскиот гигант.
Во Барселона Стерлинг би пристигнал на позајмица барем до крајот на сезоната. Стерлинг во Сити е од 2015 година и на 297 одиграни натпревари постигна 115 гола.