Дома Топ вести Стерлинг му соопштил на Гвардиола, сака во Барселона

Стерлинг му соопштил на Гвардиола, сака во Барселона

Рахим Стерлинг му ја соопштил својата одлука на Пеп Гвардиола и сака да ја промени средината во јануари.

Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, па и јавно потврди дека размислува да си замине од „Етихад“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За него најсилен интерес покажува Барселона која сака да го донесе Англичанецот на позајмица во јанури.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити нема против да го пушти Стерлинг на „Камп Ноу“, но само доколку Каталонците се обврзат дека ќе го откупат следното лето.

Стерлинг на лето влегува во последната година од договорот, па „граѓаните“ сакаат да се осигураат дека ќе биде откупен од страна на Барселона.

Чави го сака Англичанецот, но проблем е неговата плата од 17 милиони евра по сезона, што Барселона неможе да плаќа во моментов.

Каталонските медиуми пренесуваат дека поради тоа Стерлинг ќе мора да прифати помала плата за да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …