Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели, ја разгледува идејата за изградба на нов стадион, со што сегашниот „Стемфорд Бриџ“ би станал минато.
Првичните планови за нов стадион на Челзи датираат од 2013 година, кога Роман Абрамович собираше информации за изградба на помодерен објект. Но, тогаш округот Фулам, каде што се планираа градежните работи, одби да издаде дозвола за таа идеја, па Челзи до денес остана на иконскиот „Стемфорд Бриџ“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, сегашниот шеф Тод Боели повторно ја започна истата приказна, но таа е далеку од реализација. Се зборува за арена со 60.000 седишта, која би била во опсегот на новоизградените стадиони како што е, на пример, стадионот на Тотенхем.
Планот треба да се најде на увид во текот на зимата, а потоа би се преземале понатамошни чекори за идните работи.
Челзи игра на „Стенфрод Бриџ“ од 1905 година, кога стадионот, откако првично беше користен за атлетски цели, му беше понуден на Фулам, кој не сакаше да игра на тоа место, за „сините“ да ја прифатат градската идеја. во моментов капацитетот на стадионот е нешто помалку од 42.000 места.