По 100 натпревари, направен е „пресек на состојбата“ на Каталонецот како кормилар на Манчестер Сити.
На 99. натпревар на клупата на „Граѓаните“ го освои својот прв трофеј на Островот, неговата екипа демонстрираше сила во финалето на Лига Купот против Арсенал на „Вембли“, а на јубилејниот 100. натпревар следеше само реприза, „Топчиите“ добија три погодоци во својот гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа беше и 69. победа на Сити откако Пеп е менаџер на клубот.
На првите 100 натпревари под водство на Гвардиола, Манчестер Сити има импозантен скор – 69 триумфи, 18 ремија и 11 порази.
Интересно е што на претходните работни места, во својата Барселона и во Барн имаше повеќе победи во првите 100 меча отколку Сити. Во Барселна 71, а во Баерн 77.
Сепак, откако пристигна на „Итхад“, „Граѓаните“ се екипа со најмногу победи и најмногу постигнати погодоци од сите премиерлигаши.
Особено е интересен податокот дека најдобриот стрелец во историјата на клубот е Серхио Агуеро, кој постигнал повеќе погодоци во ерата на Гвардиола отколку во ерата на било кој од неговите претходници. Иако по пристигнувањето на Жезус, се случуваше Бразилецот да добие предност во однос на Кун, аргентинскиот напаѓач под палката на Каталонецот постигна дури 63 погодоци досега во сите натпреварувања.
100 – Pep Guardiola took charge of his 100th @ManCity match last night & here are some stats about his tenure at the club. Century. pic.twitter.com/yTQTAyynMB
— OptaJoe (@OptaJoe) March 2, 2018