Предноста која ја има Барселона во Примера над најголемиот ривал Реал Мадрид е историска, покажа статистиката.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Никогаш претходно „кралевите“ не заостанувале 19 бода зад каталонскиот клуб. Само еднаш во историјата Реал Мадрид заостанувал повеќе од 19 бода од првото место на табелата, но тоа се случило во сезоната 1995/96.
Тогаш Реал Мадрид заостанувал цели 21 бод зад лидерот и иден шампион Атлетико Мадрид. Тимот на Зидан е со натпревар помалку и може да ја намали разликата, ако победи на заостанатиот натпревар против Леганес.