Дома Фудбал Статистиката покажа: Киелини подобар од целата одбрана на Тотенхем

Статистиката покажа: Киелини подобар од целата одбрана на Тотенхем

Јувентус синоќа направи извонреден пресврт на „Вембли“ и го елиминираше Тотенхем од ЛШ, а еден од најзаслужните е дефанзивецот Џорџо Киелнини кој комплетно го неутрализираше Хари Кејн.

Според податоците на „InStat“, Киелини добил 10 воздушни дуели во средбата што е колку сите дефанзивци на Тотенхем земени заедно.

Ниту еден меѓу Киеран Трипиер, Дејвидсон Санчез, Јан Вертонген и Бен Дејвис не може да се пофали со показателите на италијанскиот ветеран. Тој освои вкупно 18 дуели и пресече 11 топки. Во оваа сезона, во сите натпреварувања, Киелини беше победник во 10,3 дуели во просек за 90 минути (4,8 од нив воздушни) и на натпревар спречувал во просек по 7,9 асистенции.

Неслучајно сајтот „Football-italia“ го избра Киелини за играч на натпреварот, иако Гонзало Игуаин постигна гол и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез со проектил ја крена Венеција од дното, Занети тргна со пораз во Удинезе

Венеција славеше со 2-1 во дуелот за бегство од последното место, а Кике Перез го реши меч…