Дома Фудбал Италија Статистиката не лаже: Јувентус без Манџукиќ во ЛШ не е ист тим

Статистиката не лаже: Јувентус без Манџукиќ во ЛШ не е ист тим

„Погледнете го Баерн, откако го продадоа Марио Манџукиќ ништо не освојуваат во Европа“, изјави тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри пред неколку месеци зборувајќи за еден од своите по омилени фудбалери.

Манџукиќ од доаѓањето во Италија стана незаменлив во составот, без разлика дали игра на позицијата лево крило или напаѓач.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меѓутоа во клучниот дел од актуелната сезона „старата дама“ остана без својот „војник“. Марио се повреди пред реваншот со Ајакс во четвртфиналето во кое Јувентус беше елиминиран во Торино.

За „бјанконерите“ е незамисливо да губат на свој терен, но бројките покажуваат дека тоа е друга приказна кога го нема Манџукиќ на теренот,

Имено, од 2015 година до денес, Јувентус со Манџукиќ во првите 11 има учинок од 16 победи, седум нерешени и три порази со 43 постигнати голови и 70% победи во нокаут фазата од ова натпреварување.

Кога го нема Манџукиќ во првиот тим Јувентус има три нерешени и шест порази со 17 постигнати голови. Процентот на победи во нокаут фазата без Хрватот на Јувентус е слаби 25%.

„Манџукиќ има големи проблеми со повредата на ахиловата тетива. Тешко дека ќе го видиме до крајот на сезоната“, изјави Алегри пред неколку недели.

Како и да е Алегри и нема причина да игра во најсилен состав до крајот на првенството бидејќи „старата дама“ пред неколку кола ја обезбеди осмата титула во низа во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…