Манчестер Јунајтед вчера го изгуби дербито против Арсенал со минимални 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Пјер Емерик Обамејанг од пенал, но навивачите на Јунајтед сметаат дека нивниот тим во финишот бил оштетен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ во последните 10-тина минути направија притисок и создаваа шанси пред голот на Арсенал, сепак не успеаа да постигнат гол. Меѓутоа во 83. минута видовме една спорна ситуација.
Имено, Габриел стартуваше над Матиќ, играчите на Јунајтед очекуваа пенал во таа ситуација, но главниот судија на натпреварот не реагираше, а немаше ниту сугестија од ВАР собата.
Clear penalty. First Gabriel hits ancle of Matić and after that hitting a ball…#MANARS pic.twitter.com/QrAzMOZuqW
— Céčko (@Cecko90) November 1, 2020