Дома Видео Стартните 11. на Сетиен: Барса ја очекува револуција

Стартните 11. на Сетиен: Барса ја очекува револуција

Никогаш не знаете што носи утрешниот ден. Кике Сетиен во понеделникот беше со кравите, а во вторникот ги тренираше играчите на Барселона.

На изненадување за многумина во понеделникот за шеф на стручниот штаб на Барса беше именуван Кике Сетиен. Како и секој тренер, така и тој ќе донесе одредени новитети.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според прогнозата на мадридскиот весник АС, Барселона ја чека револуција со доаѓањето на Сетиен на клупата затоа што станува збор за тренер кој преферира формација 3-5-2.

АС предвидува дека недопирливиот Марк-Андре Тер Штеген ќе биде на голот, додека Ланглет, Пике и Умтити ќе бидат тројцата дефанзивни играчи.

На левата страна би играл Жорди Алба, додека по десната место во тимот ќе има Семедо.

Бускетс очекувано ќе игра на позицијата дефанзивен играч за врска. Де Јонг би имал улога на играч за врска од левата страна во средината, а Лео Меси на десната со тоа што ќе биде малку поофанзивен.

Нападот ќе го предводат Гризман и Суарез, кој ќе паузира во наредните неколку месеци па поради таа причина нереално е да се очекува дека Барса ќе игра во тој состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …