Како што стојат работите Јувентус сака да го задржи Алваро Мората, тоа е желбата на тренерот Алегри, а клубот бара начин да му ја исполни.
Мората беше позајмен во Јувентус, сега се врати во Атлетико за да биде откупен „старата дама“ треба да плати 35 милиони евра, сума која во Торино не се спремни да ја платат за Шпанецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реномираната „Газета дело Спорт“ во денешното издание објави дека во Јувентус ќе се обидат да го убедат Атлетико со тоа што им дале избор на еден од други тројца фудбалери за Мората да потпише перманентен договор.
Фудбалерите кои Јувентус ги ставил на листата се: Денис Закарија, Адриен Рабио и Моисе Кин. Во овој момент не е познато дали Атлетико е заинтересиран за некој од овие тројца, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредниот период.