Италијанскиот шампион Јувентус размислува сериозна реконструкција на одбраната за сладната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорите на Џорџо Киелини и Адреа Барзаљи ќе наскоро ќе бидат обновени, но Јувентус не може да се потпира само на ветераните. Следното лето сигурно ќе пристигне Матија Калдара од Аталанта, кој заедно со Ругани би требало да биде новиот стоперски пар.
Покрај тоа „бјанконерите“ сакаат да донесат уште еден врвен дефанзивец, а на врвот на листата желби е дефанзивецот на Борсија Дортмунд, Сократис кој има договор со „милионерите“ до 2019 година.
Како засилување за бековските позиции сигурно ќе пристигне Спинацола, а „старата дама“ веќе работи и на трансферот на Матија Дармијан од Манчестер Јунајтед.