Дома Фудбал Италија Станковиќ: Јувентус игра некоја своја лига, сите останати се борат за второто место

Станковиќ: Јувентус игра некоја своја лига, сите останати се борат за второто место

stankovic

Поранешниот фудбалер на Интер и Лацио, Дејан Станковиќ остави голема трга во италијанската Серија А и не чуди што медиумите на Апенините често пати го повикуваат да ги коментира случувањата во првенството.

Сега Станковиќ зборуваше за „Скај Спорт“, а причината е што Интер врза седум победи во низа. „Нероаѕурите“ се во навистина одлична форма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа е добра низа, искрено ја очекував порано или подоцна. Интер е конструиран тим кој напредува од натпревар во натпревар“.

Мауро Икарди?

„Одличен играч, станува се подобар како што минуваа годините“.

Засилувањата?

„Тимот се промени, а важно е да се има долга клупа. Благодарине на тој квалитет замените се секогаш добри. Сите засилување се добри. Политано е добро вложување“.

Скудетото?

„Јас гледам реално на ситуацијата, Јувентус игра своја лига, сите останати се борат за втората позиција“, изјави Станковиќ.

Јувентус во овој момент е лидер на табелата со 24 освоени бодови од осум натпревар, што значи дека до овој момент без грешка. Наполи е втор со 18 бодови, Интер трет со 16.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…