Дејан Станковиќ минатата недела го продолжи договорот со Црвена Звезда, a сега се пошегува со неговиот син Филип кој е трет голман во Интер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Филип Станковиќ е трет голман во Интер, но во италијанското првенство каде што Интер дојде до титулата не запиша ниту еден настап, сепак доби медал и славеше со соиграчите.
Неговиот татко се пошегува со него за оваа ситуација.
„Се шегував со него, му кажав што бараш на подиумот кога одигра „нула минути“ за Интер. Нормално се шегувам со него, мило ми е што помина една година во таков тим. Секако е убаво чувството кога ќе се качиш на подиумот“, изјави Станковиќ