Дома Македонски спорт Мак фудбал Стадионот во Битола од денес го носи името „Петар Милошевски“!

Стадионот во Битола од денес го носи името „Петар Милошевски“!

Со едногласна одлука денес на седницата на Советот во Битола се промени името на стадионот „Под Тумбе Кафе“ во „Петар Милошевски“.

„Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежи, но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола“, гласеше барањето од ветераните на ФК Пелистер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Петар Милошевски е легенда на македонскиот фудбал, животот во го загуби во 2014 година, а низ кариерата го носеше дресот на Вардар, Трабзонспор, Малатијаспор, Сабтспор и Еносис Паралимини. Репрезентативниот дрес го носеше на 59 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…