Емилијано Сала е роден во Санта Фе, Аргентина, но со фудбалска репутација се стекна во Франција.
Оваа сезона блесна во полн сјај во дресот на Нант со што го натера Кардиф за него да плати 17 милиони евра (најмногу во нивната историја). Во текот на целата своја кариера го носеше дресот на француски клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во неговата татковина го носеше дресот само на Клуб Пројекто Красер, меѓутоа неговиот прв професионален договор беше во Франција со Бордо.
Во Бордо пристигна во 2012 и се задржа три сезони, но во меѓувреме беше испраќан на три позајмици (Орлеанс, Ниорт, Каен). За Нант потпиша во 2015 година и од тој момент одигра 117 натпревари и постигна 42 погодоци.
За жал никогаш не успеа да заигра во Премиер лигата каде што го чекаше Кардиф кој за него плати најмногу во клупската историја за еден играч.
Неговиот живот како што е познато трагично згасна во падот на авионот кој леташе од Нант кон Кардиф. Сала откако го комплетираше трансферот се врати во Нант да се поздрави со своите соиграчи. Авионот кој го управуваше пилотот Дејв Иботстон се урна во водите на Ла Манш.
Телото на пилотот се уште не е пронајдено, а многу веројатно дека многу работи во целата оваа трагедија ќе останат нејасни.
Српски рапер пред неколку дена одлучи да посвети песна за трагично згаснатиот живот на аргентинскиот фудбал.