Дома Македонски спорт Мак фудбал Српски второлигаш ја прегази Победа со 8:0 и порача: Се чувствуваме измамено!

Српски второлигаш ја прегази Победа со 8:0 и порача: Се чувствуваме измамено!

Прилепска Победа претрпи понижувачки пораз од српскиот второлигаш Лозница со 8:0 во пријателски меч.

Прилепскиот тим настапи со вториот тим и со неколку фудбалери кои се на проба, па српскиот клуб ја обвини Победа за аматеризам.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тренерот на Лозница, Небојша Нешковиќ беше лут и изјави дека се чувствува измамено.

„Противникот не беше адекватен, не беше на нивото на кое ние сакавме да биде. Очекувавме Победа да игра во најсилен состав, екипа која може рамноправно да ни парира. Доаѓаат од првата лига на Македонија, значи квалитетен противник, а искрено тие направија еден комбиниран состав. Се чувстувам малку измамено, па затоа со сета почит една замерка за потценувачкиот пристап од нивна страна“, изјави Нешковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…