Со години е во трка по потписот на Давид Де Хеа и изгледа конечно ќе успее во намерата да го донесе на „Бернабеу“.
Шпански „Дон Балон“ носи ексклузива дека веројатно најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед во последно време им се доверил на колегите од репрезентацијата Серхио Рамос и Иско дека наскоро ќе им се придружи во Реал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што се наведува, Флорентино Перез ја применува речиси идентичната тактика како Барселона во битката по Кутињо.
Неодамнешната изјава на Кејлор Навас најави вакво сценарио, Костариканецот во таа причика истакна дека нема проблем да се бори за место во тимот доколку Реал ги донесе Де Геа или Куртоа и додаде дека би сакал да остане во таборот на Мадриѓаните и не би сакал да се пресели на Островот.