Дома Останати Кошарка Србија ја прегази Канада и ќе игра за светско злато!

Србија ја прегази Канада и ќе игра за светско злато!

Репрезентацијата на Србија одигра фантастичен натпревар и ја прегази Канада со 95:86 во полуфиналето на Мундобаскетот 2023.

Од самиот почеток на натпреварот беше очигледно дека избраниците на Светислав Пешиќ предводени од Богдан Богдановиќ се одлучни да продолжат со доминацијата на СП.

Првата четвртина Србија ја доби со 23:15, а на паузата имаа одлична предност од 52:39.

Не се промени ситуацијата на теренот ниту во второто полувреме, во еден момент Србија имаше и 17 поени предност. До крајот Канаѓаните успеаа само да го ублажат поразот не и да направат нешто повеќе.

Во финалето Србија ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу САД и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…