Дома Фудбал Србија се поблиску да добие директно учество во групната фаза во Лигата на шампионите

Србија се поблиску да добие директно учество во групната фаза во Лигата на шампионите

Српските медиуми пренесуваат дека добрите настапи на нивните клубови во Европа придонеле да се зацврстат на 12. позиција меѓу европските земји според УЕФА коефициентот.

Ова секако е важно затоа што се блиску да добијат еден директен учесник во најелитното европско натпреварување. Според ранкигот првите 11 добиваат директно место во Лигата на шампионите.

Во овој момент Србија има два клуба на евросцената. Црвена Звезда и Партизан и двата редат победи, па така придонесуваат за УЕФА коефициентот. Во случај да ја стигнат Украина која е пред нив тогаш шампионот на Србија би обезбедувал директен пласман во групната фаза во ЛШ.

Македонија на оваа ранкинг листа е далеку на 47. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…