Репрезентацијата на Србија ќе се бори против Бразил во среда за пласман помеѓу 16 најдобри светски селекции.
По поразот од Швајцарија, на Србија и се загрози местото во осмина финалето и сега е во тешка ситуација. За да биде сигурен патник во осмина финалето, Србија мора да го победи Бразил. Но, тоа изглеад многу лесно да се напиште отколку да се направи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, има уште многу калкулации, па Србија може и со бод да помине понатаму. Дали со реми би можело да помине понатаму, на Србија им е неопходно Швајцарија да загуби со два или повеќе гола разлика. Не изгледа ниту малку лесно за Орлите, но треба да се напомене дека и тоа сценарио е можно.
Во моментов Бразил има четири бода, колку што има и Швајцарија, Србија освои три, а Костарика се уште нема бодови.