Во текот на летово се појавија информации дека Србија и Албанија би можеле заеднички да го организираат Европското првенство за фудбалери до 21 година, а како што пристигнуваат информации од Швајцарија и официјално ја поднеле својата кандидатура.
Имено, како што пренесе УЕФА, а пренесе Асошиејтед прес, овој четврток, на 26 септември, Србија и Албанија официјално ги исполниле сите услови и го „победиле“ рокот што го имаа за поднесување на апликацијата, за заеднички да го организираат Европското првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На овој начин Србија и Албанија дојдоа на чекор од организација на турнир со 16 селекции, кој се одржува на секои две години, а притоа потребни се дури осум стадиони за да бидат домаќини на дури 31 натпревар.
Претходно и двете страни порачаа дека ова е можност да се испрати „добра политичка порака“ и дека ова е исклучиво фудбалски проект.
Нивни ривали на оваа трка се Белгија и Турција, додека конечната одлука се очекува на 16 декември.