Како што стојат работите Драган Стојковиќ – Пикси повеќе нема да биде селектор на Србија, а во јавноста веќе се шпекулира за можните наследници.
Пикси иако самиот тврди дека репрезентацијата не разочарала на Европското првенство најголемиот дел од јавноста во Србија го критикува и бара смена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во овој момент се споменуваат четири имиња како можни наследници. Прв на листата со желби е Славиша Јокановиќ, кој има големо тренерско искуство и во англискиот фудбал каде што беше тренер на Вотфорд, Фулам…
Како алтернативи се споменуваат уште три тренери: Владимир Ивиќ, Мирослав Ѓукиќ и Саво Милошевиќ.
Останува во наредниот период да видиме што ќе се случува, а ќе потсетиме напосредно пред првенството Пикси потпиша договор до 2026 година.