Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија како четвртопласирана го напушта ЕП, а Словенија заврши на третото место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Србија денес мораше да победи против Данска и во првото полувреме почна затворено и без многу шанси.

Во вториот дел Пикси направи неколку офанзивни измени, тргна на се или ништо, но Србија не успеа да направи зрели шанси. Јовиќ успеа да постигне гол, но беше поништен поради милиметарски офсајд.

Англија одигра уште еден разочарувачки натпревар, но на крајот успеа да го освои првото место во групата со пет освоени бода.

Словенија одлично се држеше и на крајот успеа да остане непоразена и го задржа третото место кое ја води во осминафинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Манчестер Сити веќе започна преговори за сензацијата од Мароко

Манчестер Сити веќе започнал почетни преговори за идниот трансфер на 18-годишниот мароканс…