Чуварот на мрежата на Рома, Миле Свилар со своите настапи се наметна како број 1 во италијанскиот тим откако на клупата Даниеле Де Роси го наследи Жозе Мурињо.
24-годишниот голман прикажува одлични настапи, па така селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси го повика за натпреварите со Русија и Кипар кои Србија ќе ги игра на 21-ви и 21-ти март. Сепак, Свилар изненади со одлуката да го одбие повикот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, тој порачал дека нема да се јавува на повиците бидејќи сака да брани за друга репрезентација. Тој е роден во Белгија и настапуваше за младинските селекции. За Србија има еден настап и тоа му овозможува да избере друга репрезентација.
Белгија е негова желба, веројатно затоа што конкуренцијата на голманската позиција засега таму е помала. Во Србија тука се Ваља Милинковиќ – Савиќ од Торино, Предраг Рајковиќ од Мајорка и Ѓорѓе Петровиќ од Челзи. Од друга страна во Белгија сериозен конкурент му е само Куртоа кој во овој момент е и повреден.