Вчера видовме голема драма на четвртфиналната пресметка на Светското првенство помеѓу Аргентина и Холандија, која беше решена по изведувањето пенали.
Во текот на мечот видовме искри на теренот кои најмногу ги предизвикуваа Аргентинците, но едно видео покажа дека и Холанѓаните не се однесувале баш по правилата на фер-плејот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Репрезентацијата на Аргентина водеше со 2:0 со головите на Молина и Меси и се чинеше дека се е решено на овој натпревар, но потоа Холандија со двата гола на Вегхорст успеа да дојде до 2:2 и да го одведе овој натпревар во продолженија.
Во продолжението Аргентинците беа подобри и имаа неколку добри шанси, но резултатот не се промени и дури по пенал серијата го дознавме името на другата селекција која се пласираше во полуфиналето на СП во Катар.
Херој на Аргентинците во пенал серијата беше голманот Емилијано Мартинез, кој им одбрани два пенали на Ван Дијк и Бергуис. Решавачкиот пенал во петтата серија за Аргентина го реализираше Лаутаро Мартинез, кој тоа го направи сосема ладнокрвно и покрај неверојатниот притисок што овој напаѓач го имаше пред ударот.
На Твитер се појави видео кое е снименот од камерата на кровот на „Лусаил“ стадионот и тоа покажува што се случуваше пред Лаутаро да го изведе пеналот. Кога Лаутаро тргна кон топката дури четворица Холанѓаните тргнаа кон него да му дофрлуваат нешто, а еден од судиите се обиде да ги запре.
Esta cámara explica el enojo. Cuando Lautaro va a patear lo van a apretar entre cuatro. También le dice algo el holandés que ya había pateado y vuelve. Y el final con todos corriendo a un lado y Messi yendo a buscar a Dibu, es épico. A los cámaras no le dan las patas para correr. pic.twitter.com/hx4ZhoZAGC
— Nicolás Castrovillari (@ncastrovillari) December 10, 2022