Репрезентацијата на Чиле беше поразена со 1:2 во квалификациите од Боливија, а тој еден гол што го постигнаа Чилеанците се најде во центарот на вниманието.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Едуардо Варгас ја зема топката од голманот Лампе кој падна на тревата и сигнализираше повреда. На Варгас тоа не му пречеше и постигна гол за 1:1.
Кога е повредата на голманот во прашање таа веројатно е посериозна и информациите говорат дека станува збор за кинење на Ахиловата тетива. Ова ги налути Боливијците кои бараа правда која на крајот и беше задоволена со нивниот триумф.