Дома Македонски спорт Спортскиот директор на Лидс: Последниот разговор со Џани ме направи многу среќен

Спортскиот директор на Лидс: Последниот разговор со Џани ме направи многу среќен

На спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта Езгјан Алиоски му беше прво засилување кога дојде во клубот. Сега тој најави можен пресврт во преговорите и останување на Џани во клубот и во следната сезона.

Во последниот период најавите од Островот беа дека Алиоски по истекот на договорот си заминува од Лидс. Најсериозен кандидат за неговиот потпис беше турскиот гигант Галатасарај, но преговорите со овој клуб изгледа дека пропаднаа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според последната изјава на Орта работите се промениле и сега има шанси Џани и наредната сезона да го гледаме во дресот на Лидс.

„Не можам да ви потврдам дали Џани ќе остане или ќе замине. Неговиот договор е до 30. јуни. Тој ја разбира нашата позиција, а јас ја разбирам неговата. Во последните два дена имавме навистина добар разговор. Му поставив три прашања, а неговите одговори ме направија среќен. Се останува на него, тој треба да реши што во новата сезона. За него имам само пофални зборови. Во последните 10 натпревари тој практично беше без договор, иако формално го има…Тие 10 натпревари ги одигра така што јас сум навистина горд на него“, изјави Орта.

Иднината на Алиоски сигурно ќе се решава кога тој ќе се врати во клубот по Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…