Тимот на нашиот Стефан Ристовски, Спортинг Лисабон остана без тренер, а португалските медиуми веќе имаат информации кој би можел да биде новиот стратег.
Спортинг во наредниот период ќе биде предводен од Тиаго Фернандеш, но тој е само привремено решение.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, лисабонските „лавови“ на големо бараат нов тренер, а според пишувањето на португалски „Рекорд“ три имиња се во игра.
Првото име е Паоло Соуса, поранешниот тренер на Фиорентина, кој како играч ги бранеше боите на Спортинг.
Посебно изненадува тоа што се споменува името на Жорж Жесус кој ова лето после разни случувања во клубот си замина, а во игра е и поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим.