Mакедонскиот капитен Стефан Ристовски според најавите на португалските медиуми ќе потпише нов договор со Спортинг Лисабон.
Преговорите помеѓу Ристовски и Спортинг ќе започнат после новогодишните и божиќни празници и наводно се треба да биде потврдено и објавено до април. Португалците тврдат дека о Лисабон се задоволни од она што Ристовски го прикажал во перидот од кога носи зелено-белиот дрес и сакаат да го задражат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Aктуелниот договор на Ристовски има важност до 2022 година, а сега би требало да биде продолжен до 2024. Освен продолжување на соработката Ристовски би требало да добие и покачување на платата, во овој момент тој заработува околу 400.000 евра по сезона.
Ристовски во Спортинг настапува од 2017 година кога пристигна од редовите на хрватска Ријека.