Американскиот производител на спортска оперма „Најк“ има необично барање од Барселона.
Каталонците оваа зима го завршија трансферот на 21 годишниот холандски играч за врска Ајакс, Френки Де Јонг, а Барселона од „Најк“ доби посебно барање за овој фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тие сакаат на неговиот дрес да стои името Френки место презимето Де Јонг и тоа од спонзорски причини, но тоа не е се. Исто така младиот играч за врска го зема дресот со број 21 кој го носеше во Ајакс.
Засега бројот 21 во Барселона го носеше Карлос Алења, но за играч платен 75 милиони евра избирањето број не би требало да биде проблем.
„Во јули ќе потпишам официјален договор и ќе биде претставен во Барселона. Би сакал да го добијам дресот со број 21. Исто така, „Најк“ бара на дресот да го користам името, место презимето. Тоа повеќе им одговара поради маркетиншки причини и навистина не знам што ќе одлучам“, изјави младиот фудбалер.