Maкедонскиот репрезентативец Стефан Спировски одлично ја започна 2020 година и веќе на три натпревари има исто толку голови.
Вчера неговиот Хапоел Тел Авив славеше победа од 3:1 против Ранана, а Спировски беше стрелец на два гола. Спировски го постигнап рвиот гол во 29. минута кога го совлада противничкиот голман со маестрален удар од 20-тина метри. До крајот на првиот дел гостите го изедначија резултатот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во вториот дел Алтман го врати Хапоел во водство, за Спировски во 81. минута да стави точка со својот втор гол на натпреварот.
2 goals by #StefanSpirovski ?@HapoelTelAvivFC vs @HapoelRaananaFC 3:1 FT ⚽️ pic.twitter.com/1AWSw0h903
— Nikola Gjosevski (@ngjosevski) January 19, 2020