Дома Фудбал Англија „Специјалниот“ се отвори: Неговиот Челзи подобар од оној на Конте?!

„Специјалниот“ се отвори: Неговиот Челзи подобар од оној на Конте?!

Харизматичниот и често контраверзен тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, верува дека актуелниот англиски првак подобро и поофанзивно играл фудбал, кога тој бил предводник на кормилото.

Жозе Мурињо го предводеше Челзи во сезоната 2014/15. Португалецот тогаш стигна до шампионската титула во ПЛ, а иако на Конте му појде од рака по две години со истата екипа, Мурињо смета дека „неговиот“ Челзи тоа го направил на подобар начин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо не е импресиониран ниту од начинот на кој Лестер, под водство на Раниери, пристигна до титулата во сезоната 201/16, па истакна дека само Челзи пред три години, играше навистина доминантен и офанзивен фудбал.

„Да бидеме реални и објективни. Од трите последни екипи кои ја освоиле титулата, Челзи со Мурињо, Лестер со Раниери и Челзи со Конте, која екипа била најофанзивна? Тоа беше мојата екипа, но тоа никој не сака да го каже“, истакна Мурињо за „The times“.

Сепак, тврдењето на Мурињо, ако би се гледало од бројот на постигнати голови, и нема споредба во реалноста, со оглед на тоа дека „неговиот“ Челзи во сезоната 2014/15 постгина 73 премиерлигашки погодоци, додека изминатата година „Плавите“, предводени со Конте постигнаа дури 85 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…