Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс изминатата вечер го имаше забивањето на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Едвардс постигна 32 поени во победата на својот тим против Јута Џез 114:104, а потегот за кој долго ќе се зборува го направи на крајот од третата четвртина кога по контранапад заби преку играчот на Јута Џон Колинс.
Во таа прилика Едвардс се повреди и себе и Колинс, но по лекарската интервенција го продолжи мечот
По овој триумф Минесота е израмнета на второто место во Западната конференција со Денвер со резултат 47:21, додека Оклахома е на првото место со учинок 47:20.