Дома Останати Кошарка НБА Спектакуларно деби на Ирвинг, Дончиќ стартуваше со 34 поени, Јокиќ со дабл-дабл (ВИДЕО)

Спектакуларно деби на Ирвинг, Дончиќ стартуваше со 34 поени, Јокиќ со дабл-дабл (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 11 натпревари во најсилната кошаркарска лига НБА.

Далас пред своите навивачи беше подобар од Вашингтон со 108:100.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До првата победа во сезоната Далас стигна благодарение на одличната игра пред последната четвртина. Имаа Маверикс предност од 23 поени после третата четвртина за во чтвртата да постигнат само 17 поени и да примат 32, сепак ја зачуваа победата.

Најдобар кај Далас беше Лука Дончиќ кој постигна 34 поени и додаде девет сккови, три асистенции и две украдени топки. Кристапс Порзингис удрли 23 поени.

Кај Вашингтон најефикасен беше Бредли Бил со 19 поени, шест скокови и девет асистенции. Томас Брајант постигна 14 поени и додаде 11 скока.

Минесота после продолженија славеше во Бруклин со 127:126.

Нетси на почетокот на натпреварот на навивачите им ги претставија Кајри Ирвинг и Кевин Дурант кој веројатно ќе ја пропушти цела сезона. Ирвинг доминираше на паркетот, но тоа не беше доволно за неговиот тим да слави.

Натпреварот Ирвинг го заврши со фантастични 50 поени, осум скокови и седум асистенции, зад него следуваше Крис Лавер со 20 поени. Кај победниците Карл Ентони Таунс со 36 поени и 14 сскокови беше најрасположен, а го следеше Ендрју Вигинс со 21 поен.

Денвер на Никола Јокиќ сезоната ја започна со победа на гостувањето кај Портланд 108:100.

Никола Јокиќ беше одличен и уште во првиот натпревар запиша дабл-дабл со 20 поени и 13 скокови, додаде и две асистенции. Вили Бартон го следеше со 16, а Џамал Мареј додаде 14 со пет скокови и шест асистенции.

Кај Портланд најдобар беше Демијан Лилард, меѓутоа неговите 32 поени не беа доволни. Хасан Вајтсајд оствари дабл-дабл со 16 поени и 19 скокови.

НБА резултати:

Шарлот – Чикаго 126:125

Индијана – Детроит 110:119

Орландо – Кливленд 94:85

Бруклин – Минесота 126:127 (после продолженија)

Мајами – Мемфис 120:101

Филаделфија – Бостон 107:93

Далас – Вашингтон 108:100

Сан Антонио – Њујорк Никси 120:11

Јута – Оклахома 100:95

Феникс – Сакрменто 124:95

Портланд – Денвер 100:108

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…