Дома Останати Спектакуларни трки на 200 метри, соборен рекордот на Мајкл Џонсон🎥

Спектакуларни трки на 200 метри, соборен рекордот на Мајкл Џонсон🎥

Шерика Џексон од Јамајка и Ноа Лајлс од САД, ги освоија златните медали на трките на 200 метри на Светското првенство во Јуџин, Орегон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Машкото финале имаше идеален исход за Американците, првите три места им припаднаа на атлетичарите од оваа земја, а прв целта ја помина Ноа Лајлс.

Лајлс до златнииот медал дојде со време со 19,31 секунди што е нов рекорд на Северна Америка и го собори рекордот на Мајкл Џонсон од 19.32 од Олимписките игри во Атланта во 1996 година.

Џексон победи со резултат 21.45 секунди. Ова е нов рекорд на светските првенства и второ најбрзо време во историјата.

Светскиот рекорд се уште го држи Американката Флоренс Грифит-Џојнер со 21.34 секунди, што го истрча на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…