Дома Фудбал Спектакуларни сцени во три часот по полноќ: Фудбалерите на Осасуна дочекани како херои 🎥

Спектакуларни сцени во три часот по полноќ: Фудбалерите на Осасуна дочекани како херои 🎥

Спектакуларен дочек им приредија навивачите на фудбалерите на Осасуна откако тимот во реваншот од полуфиналето во Копа Дел Реј одигра 1:1 по продолженија и така ја одбрани предноста од 1:0 од првиот натпревар против Атлетик Билбао.

Тимот од Памплано првпат играше финале во 2005 година, а тоа беше и единствен пат. Тогаш Бетис ги совлада со 2:0. Оваа сезона тимот испиша историјата откако сите препреки од 1/16 финалето ги поминуваше или на продолженија или на пенали.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Прво со 2:1 го елиминираа третолигашот Гимнастик, потоа во осминафиналето на пенали беа подобри од Бетис, аво четвртфиналето по продолженија со 2:1 ја елиминираа Севиља. Вчера повторно играа продолженија.

Атлетик поведе со голот на Инаки Вилијамс во 33-тата минута. Осасуна голот за финале го постигна во 116-та минута преку Пабло Ибанез.

Во Памплона фудбалерите се вратија некаде околу три часот по полноќ, а таму добија спектакуларен пречек од своите навивачи.

Денес од „Ел Класико“, Осасуна ќе го добие противникот во финалето, а Барселона од првиот натпревар против Реал Мадрид има предност од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …