Англиските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен е спремен да го понуди Марко Верати плус пари за да го добие потписот на Пол Погба.
Новиот тренер на „светците“, Томас Тухел сака по секоја цена да го донесе во своите редови Пол Погба и е спремен да го „жртвува“ Марко Верати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Британскиот весник „Сан“ тврди дека ПСЖ е спремен на Манчестер Јунајтед да му понуди Верати и 30 милиони евра за потписот на Погба.
Интересно, двајцата фудбалери имаат ист агент, Мино Раиола, кој може да ја забрза трампата.
Останува да видиме како „црвените ѓаволи“ ќе реагираат на оваа понуда.