Златан Ибрахимовиќ остана без шанси да ја освои МЛС лигата бидејќи неговиот Галакси испадна во четвртфиналето од плеј-офот.
Галакси гостуваше на својот градски ривал Лос Анџелес ФК кој во одличен натпревар славеше со 5:3 и за финале ќе се бори против Сител Соундерс, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Торонто и Атланта.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карлос Вела постигна гол за водство на домаќините во 16-тата минута, а истиот играч во 40-тата минута зголеми на 2:0. Една минута подоцна Павон после асистенцијата од Ибрахимовиќ намали на 2:1.
Токму Ибрахимовиќ во 55-тата минута погоди за изедначување, но Роси и Диоманде во 66-тата и 68-та минута со нови голови носат предност за својот тим од 4:2. На нов гол се чекаше до 77-та минута кога Фелтче намали на 4:3, а само три минути подоцна Диоманде ги постави конечните 5:3.
Иако Галакси беше подобар во многу статистички параметри, Лос Анџелес ФК на крајот помина во финалето и Карлос Вела има прилика да стане крал на МЛС. Со 36 голови тој е најдобар стрелец во првенството и има дури 15 асистенции. Ибрахимовиќ постигна 31 гол и додаде седум асистенции.