Дома Македонски спорт СПЕКТАКЛ ЗА КРАЈ НА КАРИЕРАТА: Антиќ го носи Лука Дончиќ во Скопје!

СПЕКТАКЛ ЗА КРАЈ НА КАРИЕРАТА: Антиќ го носи Лука Дончиќ во Скопје!

Легендарниот кошаркар на Македонија, Перо Антиќ наскоро ќе стави крај на својата блескава кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Антиќ се повлекува од кошарката на 36 години, по цели 20 години во кои стигна и до НБА лигата.

Својата одлука Антиќ ја соопшти за српски „Моцарт“.

Во својата богата кариера освои 14 трофеи во Бугарија, Србија и Турција и Русија.

Она што е посебно интересно е што Антиќ подготвува вистински спектакл во Скопје на кој помеѓу другите би можеле да присуствуваат сегашната ѕвезда во НБА, Лука Дончиќ, Ал Хорфород, Жељко Обрадовиќ…Како и уште многу негови поранешни соиграчи и тренери.

Наскоро се очекуваат и дополнителни информации за настанот.

Антиќ како капитен имаше огромен допринос во историското четврто место на Македонија на Европското првенство во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…