Наполи иако беше фаворит во двомечот од четвртфиналето, сепак Милан е тој кој продолжи во полуфиналето каде што ќе го чека противникот од денешната пресметка помеѓу Бенфика и Интер каде што „нероаѕурите“ имаат предност од 0:2 од првиот натпревар.
Имаше игра Наполи и во двата натпревари, создаваше шанси, но Милан изгледаше искусно и сигурно на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот Лучијано Спалети по натпреварот сепак не пропушти да ја спомене спорната ситуација од првото полувреме во која смета дека се оштетени за пенал.
„Игравме одлично и имавме посед на топка се до примениот гол. Милан постигна гол по единственото посериозно влегување во шеснаесетникот, но и ние можевме да го направиме истото. Мислам дека имаше пенал над Лозано, тоа беше директен удар во скочниот зглоб и на снимките јасно се гледа, беше чист пенал. Можеби ќе кажат дека се жалиме, но тоа беше вистината“, изјави стратегот на Наполи.
Leao v Lozano
— RJ (@tulni) April 18, 2023
Penalty? pic.twitter.com/QUHurPGWnr