Дома Фудбал Спалети го најави заминувањето на Кулибали: Требаше да биде наш капитен и лидер

Спалети го најави заминувањето на Кулибали: Требаше да биде наш капитен и лидер

Калид Кулибали е пред заминување од Наполи, а сега тоа го потврди и тренерот на Наполитанците Лучијано Спалети.

Според најавите Кулибали наскоро ќе стави потпис на договор со Челзи. Лучијано Спалети во неговата последна изјава го најави заминувањето на одличниот стопер.

„Сакав Кулибали да остане со нас, посебно затоа што требаше да биде капитен во новата сезона и наш лидер. Сепак, ако решил да замине и избрал нешто ново ние ќе му посакем се најдобро затоа што тоа го заслужува. Благодарни сме за се што во изминатите години даде за овој клуб“, изјави Спалети.

Во редовите на Наполи Кулибали пристигна во 2014 и полека прерасна во столб на одбраната на клбуот од Неапол. Информациите на медиумите се дека Челзи за него ќе плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…