Eден ден по трагедијата во Белград, Партизан денес ќе го пречека Реал Мадрид во четвртфиналето од плеј-офот во Евролигата.
Натпреварот ќе биде без музика и препознатливиот спектакл кој во претходните натпревари го приредуваа „Гробари“, а навивачите најавија посебна сценографија со која ќе оддадат почит на жртвите во трагедијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите над 20.000 гледачи во Арената во Белград ќе носат по еден цвет кој пред почетокот на натпреварот ќе биде спуштен на паркетот во чест на загинатите.
Партизан и Реал Мадрид играат во терминот од 20:30 часот, а црно-белите имаат предност од 2:1 во серијата и ако вечерва победа ќе обезбедат пласман на фајнл-фор турнирот во Каунас.