Дома Топ вести „Со свој камен по глава“ – Барса шокирана: Ако Нејмар вреди 222, тој вреди 225 милиони!

„Со свој камен по глава“ – Барса шокирана: Ако Нејмар вреди 222, тој вреди 225 милиони!

denmark

Данска се пласираше на Светското првенство, а еден од најдобрите фудбалери на оваа репрезентација се најде на мета на Барселона

Фантастичниот 25 годишен фудбалер на Тотенхем, Кристијан Ериксен во овие квалификации постигна десет погодоци, а во победата над Ирска во Даблин успеа да постигне хет-трик. Данецот веќе подолго време е на мета на европските клубови, а „Ел Мундо Депортиво“ пренесува дека еден од тие клубови е и Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, Ериксен не е на продажба. Односно би можел да замине, но за посебна цена.

„Па ако Нејмар вреди 222 милиони евра, тогаш доколку некој сака да го доведе Ериксен ќе мора да плати 225 милиони евра“, изјави стариот мајстор за трансфери, Леви кој низ годините се покажа како мајстор за продажба на фудбалери.

Ериксен во Тотенхем пристигна во 2013 година од Ајакс за сума од 13.5 милиони евра и на 194 настапи запиша 36 погодоци и запиша 60 асистенции. Иако има само 25 години за Данска веќе одигра 75 натпревари и постигна 21 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јокиќ и Денвер немоќни: Минесота води 2:0 против шампионот!

Tимот на Минесота поведе со 2:0 во серијата во полуфиналето на Западната конференција отка…