Репрезентацијата на Македонија до 21 година иако беше ослабена денес успеа да слави победа против Црна Гора со 2:1.
Голем број стандардни членови на оваа селекција не беа во комбинација за овој дуел, но и со еден ваков изменет состав ја совладавме Црна Гора.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гледавме натпревар премногу шанси, но ние константно имавме иницијатива. Голот за водство го постигнавме после една полуконтра во 13 минута. Трапановски тогаш беше асистент, а мрежата на гостите ја погоди Марко Ѓоргиевски.
Со резултатот 1:0 заминавме на полувреме.
Во вториот дел работите не се променија многу. На теренот сликата беше скоро идентична, нашите момци имаа иницијатива и создаваа по некоја шанса. Еден гол на Ацковски беше поништен поради прекршок во напад.
Сепак набрзо по тој добивме пенал кој успешно го реализираше Бојан Миовски. Иако Црна Гора немаше некоја игра во 85. минута капитенот на Црна Гора, Крстовиќ постигна гол за конечни 2:1.
Со овој триумф младинците ја обезбедуваат втората позиција во групата веднаш зад првопласираната Шпанија која ќе биде патникот на ЕП од нашата група.
Фото: ФФМ