Како што сезоната завршува така се сумираат резултатите, се пофалуваат најдобрите и се критикуваат оние кои погрешиле.
Според еден од најреномираните ракометни сајтови во светот тимот на Вардар го направил најдобриот трансфер за сезоната 2018/2019!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Хендбол планет“ ги објави најдобрите 25 трансфери за сезоната која завршува, а на врвот се најде голманот на црвено-црните – Дејан Милосављев!
Милосављев во Вардар дојде во јули од редовите на Партизан. Очекувањата беа да биде потопора за Страхиња Милиќ, меѓутоао ткако Џамбо и Вардар се разделија на грбот на 22 годишниот падна голема одговорност.
Таа одговорност Милосављев ја искористи како можност да блесне во најдобро светло.
Покрај Милосављев кој е на врвот високо на четвртото место на оваа листа се најде уште еден играч кој пристигна во Вардар. Сташ Скубе кој како избркан дојде од Пик Сегед се најде на четвртата позиција зад Милосвањв, Бенџамин Буркиќ и Артем Карлек.
Подоле на листата се најде Глеб Калараш кој во Вардар дојде од Магдебур. На листата има и играчи кои тргнаа во спротивна насока како Лука Циндриќ кој од Вардар направи трансфер во Кјелце и Вања Илиќ кој од редовите на Металург се пресели во Ла Риоха.