Ако победи најголемиот фаворит за нов менаџер кај „Плавите“, првата желба ќе биде германскиот ас.
Приказната ја носи шпанскиот весник, „Дон Балон“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Антонио Конте има одбројани денови на „Стемфорд Бриџ“, а обложувалниците како негов наследник го гледаат Луис Енрике.
Некогашниот тренер на Барселона како што се наведува веќе има план како да ја засили екипата, па ќе побара од управата да го донесе Марко Ројс.
Постојат две причини за тоа, првата е што неговиот пријател Пеп Гвардиола го убеди дека Германецот би бил големо засилување, а втората е што со неговото доведување квалитетно е обезбеден ако во случај Реал Мадрид го однесе Еден Азар.
Моменталната цена на Ројс на пазарот е околу 50 милиони.