Дома Фудбал Италија Сопругата на Михајловиќ за прв пат се огласи во јавноста после објавата за болеста

Сопругата на Михајловиќ за прв пат се огласи во јавноста после објавата за болеста

Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се огласи прв пат после информацијата дека Синиша боледува од леукемија.

Таа на италијански и на српски испрати емотивна порака и се заблагодари на сите на поддршката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сила имаме многу, но со вашата љубов ќе станеме непобедливи. Ви благодарам од срце“, напиша Аријана.

 

Ќе потсетиме, испитувањата покажаа дека станува збор за акутна леукемија. Михајловиќ ќе ги започне припремите со Болоња. Тој доби и поддршка од директорот на клубот, Валтер Сабатини.

„Имаше многу храброст да повика прес-конференција за да извести за оваа чуствителна ситуација. Ние сме тука да го поддржиме и дојдовме од Монтреал. Овој човек ќе ја води Болоња додека не му истече договорот. Ќе биде покрај нас што и да се случи, а верувам дека ништо нема да му се случи, тој е толку многу силен“, изјави Сабатини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реакцијата на Кејн кога му стана јасно дека и оваа сезона ќе остане без трофеј

Хари Кејн во кариерата постигна повеќе од 400 голови, најмногу во Тотенхем каде што одигра…