Дома Фудбал Сопругата на Милер кон Ковач: После повеќе од 70 минути му проработи мозокот

Сопругата на Милер кон Ковач: После повеќе од 70 минути му проработи мозокот

Баерн Минхен вчера киксираше на „Алијанц Арената“ против Фрајбург, гостите успеаа да извлечат бод 1:1.

Головите на натпреварот ги постигнуваат Гнабри на едната страна и Холер на другата страна, а во почетините 11 немаше место за Томас Милер.

Милер на теренот влезе во 71-та минута, а неговата сопруга преку друштвените мрежи го критикуваше тренерот Нико Ковач.

„После повеќе од 70 минути му проработи мозокот“, напиша Лиса Милер на нејзиниот Инстаграм профил.

Фудбалерот после натпреварот ја спушти топката и се извини поради коментарот на неговата сорпуга, а потоа Лиса се појави и на прес-конференцијата каде што лично му се извини на Ковач.

„Лиса Милер, сопругата на Томас Милер после завршувањето на натпреварот се појави за лично да му се извини на Ковач поради нејзината објава на Инстаграм откако Милер влезе во игра“, стои во соопштението од Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…