Дома Македонски спорт Мак фудбал Соопштение од играчите на Вардар: Доста е со лаги, оставени сме на цедило, ова е срамота за управата на клубот!!

Соопштение од играчите на Вардар: Доста е со лаги, оставени сме на цедило, ова е срамота за управата на клубот!!

Капитенот на Вардар Филип Гачевски преку соопштение во име на сите играчи на Вардар попладнево ги потврди лошите вести за македонската фудбалска јавност.

Гачевски жали што со клубот се разделуваат на еден ваков неславен начин приморани за да ги одржуваат своите фамилиии, а порача и дека сопственикот Сергеј Самсоненко ги оставил на цедило.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:

“Почитувана Македонска и спортска јавност , ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар.За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение,чекање,непочитувањето спрема фудбалерите,тренерите,целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај.Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот , а на крај не разочара сите и не остави на цедило. Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери тие дозволија клубот да го допре дното. Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен , се боревме со срце за боите на светиот дрес , имавме прекрасна атмосфера , имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме. Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар , но со тие лаги неможеме повеќе да издржиме . Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина . Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај . Вардар е голем тим , Вардар е најголем бренд во Македонија,нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес , затоа тој клуб несмее да згасне и спасете што побрзо за доброто на цела Македонија. ЕДЕН ЖИВОТ , ЕДНА ЉУБОВ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …