Ѕвездата на Тотенхем Сон Хеунг Мин го искористи прекинот на сезоната поради пандемијата со коронавирусот за да служи воен рок во неговата татковина.
Во Јужна Кореа има обврска за воен рок од 18 месеци и тој на професионалните спортисти може да им направи проблем во кариерата, но оние кои ќе придонесат за подобра промоција на земјата се ослободуваат од обврската. Сон беше ослободен затоа што како капитен со репрезентацијата во 2018 година триумфираше на Азиските игри. Меѓутоа сепак и се одолжи на државата со скратен воен рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сон сега за првпат зборуваше пред медиумите за тие моменти.
„Беше добро искуство, не смеам да зборувам за се што правев, но уживав. Сите момци беа љубезни. Трите недели беа тешки, но се обидував да уживам во нив. Не знам како им беше на другите, меѓутоа мене тие три недели ми беа навистина долги“.
„На првиот ден не се познававме и тоа беше малку чудно, потоа брзо се запознавме и времето го поминувавме заедно. Кога сте во 10 луѓе во една соба вие станува блиски. Работевме заедно, си помагавме едни на други и тоа беше фантастично. Првите два дена некои не разговараа со мене, но потоа почнавме и да се шегуваме. На крајот уживавме во друштвото едни со други“.
„Кога се вратив бев возбуден. Не знам како им е на другите, мене ми недостасуваа момците и дружењето. Но, воедно ми беше мило што повторно се видов со колегите од тимот. Ми посакаа убаво добредојде“, заклучи Кореецот.